Машини за миење тањири Niagara 82

Машини за миење тањири Niagara 82

Машина за миење садови тип хауба (hood) Niagara 82, со рамка 50×50 см и отворање на вратата од 46,5 см, наменета за угостителски објекти со поголем обем на миење. Благодарение на големиот капацитет на коморта, машината мие и гастронорм и евронорм табли (53×32 см), а хаубата може да се инсталира во линија или како аголна единица без дополнителни компоненти. Опремена е со четири специјализирани програми, од ProGlass до ProLong за силно валкани садови. Стандардно доаѓа со рамка за чинии, универзална рамка и вметка за прибор, со вкупни димензии 63,3×75,5×156,5 см.