Машини за миење тањири Elettrobar Niagara 62

Машини за миење тањири Elettrobar Niagara 62

Подпултна машина за миење садови Elettrobar Niagara 62, со висина од 82 см, рамка 50×50 см и отворање на вратата од 38,5 см, наменета за миење чинии, прибор и гастронорм садови во угостителски објекти. Благодарение на широкото отворање и капацитетот на коморта, машината мие и гастронорм и евронорм табли (53×32 см). Опремена е со четири специјализирани програми, вклучувајќи ProLong за силно валкани садови и ProEco за заштеда на вода и енергија. Стандардно доаѓа со рамка за чинии, универзална рамка и вметка за прибор, со вкупни димензии 60x60x82 см.