Фрижидери за зреење месо Meatico – Meat Panorama 700
Meat Panorama 700 на Meatico е наменет за оние кои сакаат зреењето на месо да го изведуваат безбедно, а притоа производот максимално да биде изложен. Предните и задните стаклени панели, заедно со огледално полираната внатрешност од инокс челик, го прават овој модел неповторлив дизајнерски елемент во просторот. Со димензии 750×815×2080 mm и капацитет од 150 kg, работи со R290 фреон, температурен опсег 0°/+10°C и регулирана влажност 40–90%, со 3 пара лизгачи, 3 решетки GN 2/1 и вградена UV-C германицидна ламба. Допирниот 7″ панел овозможува целосна контрола на процесот, а достапен е во завршни изведби VIP и Black.