Фрижидери за зреење месо Meatico – Meat 1500
Meat 1500 е најголемиот модел во серијата на Meatico, наменет за оние кои зреењето на месо го направиле своја главна дејност. Со димензии 1500×850×2080 mm, двојни врати и капацитет од 300 kg, нуди двојно поголем простор во однос на помалите модели, опремен со 6 пара лизгачи, 6 решетки GN 2/1 и 2 стапки за месо со по 2 куки. Работи со R290 фреон, температурен опсег 0°/+10°C, регулирана влажност 40–90% и вградена UV-C германицидна ламба, со допирен 7″ панел за целосна контрола на секоја фаза од процесот. Достапен е во завршни изведби Inox, Glass, VIP и Black.