Фритези REDFOX – FE 70/40 E
Електрична фритеза со када од 17 литри на постамент, изработена од инокс челик AISI 304, наменет за поголем обем на пржење во угостителски кујни. Соодносот моќност/волумен изнесува 0,8 kW/л, а вкупната моќност е 13,5 kW при напојување 400V/3N, со работна температура до 190°C и заштита на контролите IPX4. Уредот доаѓа стандардно со капак и кошничка (280x300x120mm), а одводот е низ постаментот за полесно празнење и одржување. Димензиите на уредот се 400x700x900mm при тежина од 45 kg.